Кукул Фруит
Кукул Фруит е компанија посветена на откуп и пласман на јаболка од сите категории – од индустриско овошје до висококвалитетни јаболка за широка потрошувачка. Нашата мисија е да обезбедиме сигурен и фер пласман за македонските земјоделци, нудејќи конкурентни цени, транспарентна соработка и редовна исплата.
Соработуваме со мали и големи производители од целата земја и градиме долгорочни партнерства базирани на доверба, професионалност и заемна корист. Без разлика дали сте семеен производител со неколку тони јаболка или поголем земјоделски капацитет, Кукул Фруит е ваш сигурен партнер за откуп.
Со модерна логистика и постојан фокус на квалитет, гарантираме ефикасно превземање и понатамошен пласман на јаболката – на домашниот и странските пазари.



